Ликовно-Линорез

Линорез е графичка техника која се создава во техника на висок печат . Историја Линорезот се појавил благодарение на откривањето на линолеумот во Англија во 1863 година. Линолеумот, бил користен за обложување на подови, а во графиката започнал да биде употребуван од 1900 година. Некои од најпознатите уметници кои ја користеле оваа графичка техника оставајќи значајни ликовни дела биле: Анри Матис (1869—1854) и Пабло Пикасо (1881—1973). Пикасо, својот прв линорез го направил 1954 година и е автор кој изградил посебна техника, создавајќи ги своите повеќебојни линорези само со една плоча. Метод на правење Линорезот е своевидна алтернативна техника за дрвописот. За разлика од неа, каде што се употребуваат дрвени матрици - плочи, при линорезот се користат помеки матрици од линолеум. Како и во дрвописот, линорезот може да се печати рачно или со преса за висок печат (линогравура). Нанесувањето на бо...